После долга пауза, познатиот Коки Јанков од некогашното дуо Дуле и Коки изненади со нова песна. На прашањето дали „Муабет“ има автобиографски делови тој вели:
– Не би сакал да откријам, ете вие сами проценете дали е или не е. Се шегувам, мислам дека многу луѓе би можеле да се пронајдат во неа, па ете, зошто да не и јас.
Коки објаснува дека вакви песни не се раѓаат преку ноќ, дека за вакво нешто се чека, се мисли буква по буква, нота по нота…
Тој е потписник на текстот и музиката, а арманжманот е на Дејан Георгиевски-Ѕене. Спотот е снимен под палката на познатиот Дарио Јанковиќ.