Поскапуваат пасошите, личните карти и возачките дозволи

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вадењето нова лична карта ќе чини 310 денари наместо сегашните 190 денари, новата возачка дозвола ќе чини 410 денари наместо сегашните 280 денари, новиот пасош за лица над 27 години ќе чини 2.000 денари наместо сегашните 1.500 денари, а единствениот личен документ кој нема да претрпи промена во цената ќе биде само пасошот за лица помлади од 27 години.

Оваа информација ја објави порталот Фактор, посочувајќи дека Владата го одобрила решението на Министерството за внатрешни работи (МВР) за поскапување на личните документи, а решението треба да стапи на сила откако ќе се објави во Службен весник.

Од МВР ја потврдуваат информацијата за поскапувањето:

– Обрасците во моментов се издаваат по цените кои важеа и до сега. МВР постапувајќи по заклучок донесен од Влада, спроведува постапка за изменување на решението за цените на обрасци. Со решението се вршат измени на цените, а ќе се применуваат кога решението ќе се објави во Службен весник и ќе влезе во сила. Имено, цената на пасош за лице до 27 години ќе остане непроменета и натаму ќе изнесува 1.500 денари, но пасошот за лице над 27 години ќе изнесува 2.000 денари, што е зголемување за 500 денари. Цената на личната карта ќе изнесува 310 денари, што е зголемување за 120 денари. Цената на возачката дозвола ќе изнесува 410 денари, што е зголемување за 130 денари – одговорија од МВР.

Оттаму велат дека многу повеќе ќе треба да се плати за обрасците за личните документи по итна постапка, кои и онака се неколкукратно поскапи.

– Ќе има промени на цените и на обрасците за итна постапка: Цената на пасош по итна постапка ќе изнесува 6.100 денари, што е зголемување за 1.600 денари. Цената на возачка дозвола по итна постапка ќе изнесува 1.230 денари, што е зголемување за 390 денари – велат од МВР.

Како причина за поскапувањето на оваа јавна услуга за граѓаните се наведуваат зголемените трошоци во изминатиот период.

– Промената на цените се прави поради зголемените набавни цени на увезени обрасци, зголемени трошоци за одржување на системот кој се врши од страна на странски економски оператор, како и набавка на нови машини поради укажана потреба од замена на веќе дотраени машини за персонализација итн“, велат од МВР.

Ваквото решение е донесено на една од претходните владини седници по разгледувањето на „информацијата во врска со потребата од зголемување на продажните цени на обрасците за лични документи на граѓаните (пасош, лична карта и возачка дозвола)“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article