More

    Пошта не испраќа пораки за пратки на социјалните мрежи

    spot_img

    АД „Пошта“  не испраќа пораки на социјалните мрежи за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својта пратка, соопшти „Пошта“ откако голем број граѓани на своите профили добија порака дека треба да подигнат пакет за што треба да платат одреден износ.

    Оттаму објаснуваат дека Пошта не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во нејзино име е класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност.

    – Сите вакви случаи кои стигнуваат до нас, веднаш се документираат и се пријавуваат до МВР на понатамошно постапување. Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки го вршат нашите пошторазнесувачи. Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта – велат од оттаму.

    На социјалните мрежи граѓаните добиваат пораки со оваа содржина:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img