More

    Портпаролката на Белата куќа се налути кога ја прашаа за деменцијата на претседателот

    spot_img

    Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, се збуни кога го водителот на радио во Северна Каролина, Марк Гарисон, ја праша дали претседателот Бајден (81) има „деменција“ – велејќи дека прашањето било „неверојатно навредувачка“ и неколку минути потоа го прекина интервјуто, налутено посакувајќи му на Гарисон „прекрасен ден“, објави Њујорк пост.

    Водителот инсистираше на тоа дека „многу луѓе прашуваат и сакаат да го знаат ова“.

    -Марк, не можам ни да верувам дека ми го поставуваш ова прашање. Тоа е неверојатно навредливо прашање за да се постави – извика Карин Жан-Пјер.

    Портпаролката потсети дека лекарите на претседателот редовно даваат извештаи за неговата здравствена состојба и истакна и колку шефот на државата е посветен на својата работа.

    Збунетото негирање на менталниот пад на Бајден беше во контраст со пристапот на самиот претседател за време на јавниот настан во Рали, на кој тој се пошегува со својата возраст велејќи дека има „само 40 години, по два пати, плус една“.

    Според анкетите на јавното мислење, ова прашање ги загрижува Американците.

    Анкетата на ABC News спроведена во април покажа дека 86% од Американците мислат дека Бајден е премногу стар за да се кандидира за претседател, во споредба со 62% кои го велат истото за Трамп (77).

    Проблемот станува уште поголем по неколкуте гафови што ги направи 81-годишниот американски претседател во јавјите настапи кога ги измеша Ангела Меркел и Хелмут Кол, а египетскиот претседател Ал-Сиси го нарече претседател на Мексико.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img