Фудбалскиот клуб Порто соопшти дека го продолжил договорот со 40-годишниот дефанзивец Пепе.
Во соопштението на португалскиот клуб се наведува дека Пепе ја прифатил едногодишната понуда од претседателот Хорхе Нуно Пинто да Коста и потпишал нов договор.
Се додава дека договорот што го потпиша Пепе ќе се чува во клупскиот музеј.
Пепе играше во Порто од 2004 до 2007 година, а потоа се врати во клубот во 2019 година каде што настапуваше до сега.
Во својата кариера настапуваше и за Маритимо, Реал Мадрид и Бешикташ.
Пепе го освои Европското првенство во 2016 година со репрезентацијата на Португалија.
Во националниот дрес на 133 натпревари постигна осум гола.