Никој не знае каде ќе сопре Русија ако тргне во војна со Украина, истакна поранешниот украински претседател Петро Порошенко, кој ја водеше Украина од 2014 до 2019 година.
Во интервју за „Sky News“ тој предупредил дека војната би можела да се прошири низ целиот континент и да стигне до Бугарија.
– Ова не е украинска криза, туку е руска агресија. Никој не знае каде ќе застане Русија. Путин има имагинација на КГБ агент. Никој не знае која друга земја утре би можела да биде нападната. Можеби Поска, Чешка, Романија или Бугарија? Токму затоа, единството и солидарноста со Украина за нас е од витално значење – истакнал поранешниот украински претседател.