Стравувањата дека Словенија уште е на удар на страшно невреме не стивнува ни денеска, по вчерашниот апокалиптичен ден. Многу реки во централна, северна и источна Словенија се уште се поплавуваат, а денеска се очекува да се покачи водостојот и на реките во јужна Словенија.
– Во изминатите 12 часа ситуацијата беше полоша од сите предвидувања. На некои места паднаа 200 литри вода на квадратен метар, што е рекорд откако се прават мерењата. Поројните дождови уште не се завршени – изјави утрово метеорологот Бранко Грегорчич, додавајќи дека времето ќе почне да се подобрува в понеделник.
Хидрологот Јанез Полајнар ги предупреди граѓаните дека врвот на излевање на реките се очекува во наредните неколку часа. Според него, ситуацијата треба да почне да се смирува утре во попладневните и во вечерните часови.
– Во најголемиот дел од денот можеме да очекуваме реките да се излеваат. Утрово, максималниот проток на Сава беше меѓу 3.600 и 3.900 кубни метри во секунда. Ситуацијата со реките би требала да почне да се смирува утре – изјави хидрологот Јанез Полајнар.
Во Целје, каде јдената река Савиња вчера се закануваше со големи поплави, се намалува. Водостојот на реката е намален за два метри во однос на највисокиот водостој од петокот, соопшти општина Цеље. Откако вчера беа евакуирани околу 4.000 граѓани, жителите на Оток и Стариот град сега можат да се вратат во своите домови.