Пороен дожд и ветер и во Скопје

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Времето утре ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

Како што најавуваат од УХМР, во Скопје ќе биде променливо облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Според УХМР, о сабота ќе продолжи периодот на нестабилно време. Претпладне ќе има сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови наместа со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Од недела ќе настапи постепено стабилизирање на времето со пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Share This Article