Поранешниот зет на кралицата Летиција тврди дека имале афера, објави и фотографија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Главна вест во шпанските медиуми деновиве е прељубата на кралицата Летиција. Имено, поранешниот зет на кралицата, Џејми Дел Бурго, тврди дека Летиција имала афера со него пред тој да се ожени со нејзината сестра Телма, а како доказ за нивната афера приложува досега невидена фотографија од кралицата Летиција.

Педесет и три годишниот претприемач Дел Бурго, кој во моментот живее во Велика Британија, вели дека тој и Летиција биле во врска и откако таа се омажила со кралот Фелипе Шести, во 2004 година. Тој тврди дека се забавувале кога таа го запознала идниот крал на Шпанија, па тој објавил селфи, на кое не го пишува датумот, кој наводно кралицата го снимила во текот на бременоста.

На фотографијата таа наводно ја носи неговата црна пашмина (марама), а покрај неа напишал и наводна порака што му ја испратила шпанската кралица на која, како што вели, пишува: „Љубов моја. Ја носам твојата пашмина. Се чувствувам како да си покрај мене. Таа се грижи за мене. Ме чува. Бројам часови додека повторно се сретнеме. Те сакам.“

Џејми сето тоа го објави на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), а откако тоа го пренесоа бројни странски медиуми, тој го избриша својот профил. Многумина се сомневаат во вистинитоста на неговите изјави бидејќи нема конкретни докази дека Летиција му ја испратила таа фотографија и порака.

Портпаролот на шпанското кралско семејство изјави дека немаат коментар за изјавите на Џејми.

Инаку, претприемачот беше во брак со сестрата на Летиција, Телма, од 2012 до 2014 година. Новинарот Хаиме Пењафиел, кој напиша книга за кралицата, изјави дека Летиција била големата љубов на Џејми, но дека нивната врска се претворила во пријателска откако таа започнала романса со Фелипе.

Џејми и раскажал на новинарката дека ја запознал Летиција во 2000 година и дека планирал да ја запроси кога таа за време на вечерата му рекла дека е во врска со Фелипе, со кого е во брак од 2004 година. За да ја опише сериозноста на нивната врска, тој и рекол на новинарката дека на таа вечер тој носел веренички прстен во џебот, со кој планирал да ја запроси Летиција.

Share This Article