Винсент Касел (58) беше познат по бракот со италијанската филмска дива Моника Белучи. Потоа стана уште попознат кога ја остави за младата Тина Кунаки. А потоа јавноста беше шокирана од веста дека Касел има нова љубов, 28-годишната манекенка со бразилско и австралиско потекло Нара Баптиста.
Девојката на познатиот француски актер Венсан Касел (57), Нара Баптиста вчера преку својот профил на Инстаграм ја сподели веста за бременоста.
Оваа 27-годишна бразилска манекенка објави три фотографии на кои позира покрај скали во долг црн фустан, каде се истакнува нејзиниот труднички стомак. Во описот на објавата напишала дека ќе стане мајка, а многу следбеници ѝ честитаа на среќната вест.
Инаку, Касел и неговата 30 години помлада девојка неодамна ја прославија првата годишнина од нивната врска, а по тој повод Нара на својот инстаграм-профил објави серија заеднички разголени фотографии.
Гласините за врската беа поттикнати минатата година, кога двајцата беа фотографирани на заеднички одмор во Рио де Жанеиро. Освен големата разлика во годините, парот го привлече вниманието на јавноста и затоа што Нара многу потсетува на поранешната сопруга на Венсан, Тина Кунаки, со која ја има ќерката Амазонија. Покрај тоа, Касел беше во брак и со Моника Белучи, со која има две ќерки – Дева и Леони.
Инаку, се шпекулираше дека познатиот француски заводник ја напуштил сопругата Тина Кунаки токму поради Нара.