Поранешниот сопруг на Мараја Кери го дочека своето деветто дете додека очекуваше уште две деца со други жени

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешниот сопруг на Мараја Кери го дочека своето деветто дете додека очекуваше уште две деца со други жени.

Ник Кенон не престанува да ја шокира јавноста. Актерот, комичар и поранешен сопруг на Мараја Кери ја објави радосната вест објавувајќи видео од новопечената мајка и бебето, кое го доби името Оникс Ајс Кол Канон.

„Ви го претставуваме Оникс Ајс Кол Кенон… Бог ни даде мене и на Ланиша Кол привилегија да го угостиме ангелот овде на Земјата. Се заколнувам дека ќе го штитам, обезбедувам, водам и сакам ова дете најдобро што можам“, рече Кенон на Инстаграм.

Среќната вест остана во сенка на фактот дека Кенон чека деца со неколку жени во исто време, поради што се најде на мета на критики.

„Како што сите знаеме дека сум прилично сум имун на коментари, отсекогаш сум била отворена книга, но не сите во моето семејство имаат исто ниво на сила. Затоа се молам и барам од другите сите критики и цинизам да ги насочат кон МЕНЕ, а не кон саканите и драгоцени мајки на моите деца“, одговорил актерот и водител, пренесува „Дејли мејл“.

За врската на Кенон и ЛаНиша се дозна во февруари 2021 година кога таа го објави сега веќе избришаното видео на кое ужива со него во соба полна со балони. Сепак, тие раскинаа на крајот на истиот месец.

Ниша е американска манекенка која е најпозната по учеството во осум сезони како гостин модел во „The Price Is Right“. Таа од мај јавно ги прикажуваше деталите за бременоста, но се до вчера не го откриваше таткото на нејзиното дете.

Кенон повторно ги шокираше обожавателите пред само неколку недели кога објави дека го чека своето 11-то дете со манекенката Британи Бел. Веста ја соопшти со заедничко видео со Британи со натпис: „Времето застана и ова се случи…“

Веста доаѓа додека тој го чека раѓањето на своето 10-то дете со Аби Де Ла Роса, која треба да се породи во октомври, откако Бри Тиси го роди нивното прво заедничко дете во јули оваа година.

- Advertisement -
Ad image

Актерот, кој наскоро ќе стане татко по 11-ти пат, од 2008 до 2016 година беше во брак со познатата пејачка Мараја Кери, со која ги има близнаците Марокан Скот и Монро Кенон.

Share This Article