Поранешниот репрезентативец Борко Ристовски ќе го предводи новото Министерство за спорт

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Благодарност за безусловната поддршка и доверба добиена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да бидам прв Министер за спорт во Република Македонија, изрази поранешниот македонски ракометен репрезентативец и актуелен извршен директор на РК Вардар, Борко Ристовски.

Прославениот ракометен голман кој во играчките денови публиката го нарекуваше „министер за одбрана“, на официјална министерска позиција како прв човек во новото Министерство за спорт вети многу работа, посветеност и реализација на проекти кои одново ќе го заживеат спортот во Македонија.

„Ветувам многу работа, посветеност, многу проекти и нивна реализација и одговорност.
Се обврзувам како прв Министер за спорт дека Македонија повторно ќе живее во духот на спортот ! Македонија повторно горда“ – напиша Ристовски во објавата на Фејсбук.

Share This Article