Поранешниот претседател на САД, Џими Картер, денеска наполни 100 години и стана првиот некогашен претседател кој го прославил тој роденден.
Картер беше претседател од 1977 до 1981 година, а во последните 19 месеци се наоѓа во болница во неговата родна држава Џорџија, пишува Би-Би-Си.
Поранешниот фармер, кој првпат влезе во политиката во 1960-те како државен сенатор, „емотивно е ангажиран и сè уште има искуства, се смее и сака“, рече во септември неговиот внук Џејсон.
Според медиумите, овој 100-годишник се уште има политички амбиции.