Судот денеска ја осуди поранешната претседателка на цивилната влада на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, на нови шест години затвор поради корупција, со што вкупната затворска казна и е 26 години.
Аунг Сан Су Чи, 76-годишната поранешна претседателка и добитничка на Нобеловата награда за мир во 1991 година, беше соборена со државен удар минатиот февруари и оттогаш е во затвор, со што заврши краткиот период на демократија во оваа југоисточна азиска земја.
Оттогаш таа е осудена по повеќе обвиненија, вклучително и кршење на законот за државни тајни, изборна измама и нелегално поседување воки-токи, пренесува Радио Слободна Европа.
На судењето во август таа беше осудена на шест години затвор под обвинение за корупција, а претходно на 11 години.