More

    Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски: Владата немаше право надвор од своите ингеренции да прифати обврска за промена на Уставот

    spot_img

    Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во пресрет на пленарната седница во Собранието на која ќе се расправа за потребата од отворање на Уставот, предупреди дека Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски ги надминала своите ингеренции и го прекршила Уставот затоа што прифатила обврска за промена која е во исклучива и единствена надлежност на Собранието.

    „Владата мора да сноси одговорност. Владата не смее да врши политички притисок врз Собранието. Владата немаше право надвор од своите ингеренции да прифати обврска за промена на Уставот. Тоа не е во нејзина надлежност. Тоа е во исклучива и единствена надлежност на Собранието на Република Македонија. Тоа е исто како вие да продавате имот на вашиот комшија, а комшијата не ви дал никакво полномошно за тоа“, објави Димовски на Фејсбук.

    Тој смета дека ЕУ не го наметнала условот за внесување на Бугарите туку едноставно го прифатила билатералниот протокол помеѓу Македонија и Бугарија со кој МНР презема обврска за внесувсње на Бугарите во Уставот, а ЕУ тој протокол го внесе во преговарачката рамка и тоа стана европска обврска.

    „Европската Унија не го наметна условот за внес на Бугари во Уставот на Република Македонија.
    Европската Унија го прифати билатералниот Протокол помеѓу Република Македонија и Република Бугарија со кој Министерството за надворешни работи превзема билатерална обврска пред Бугарија за внесување на Бугарите во Уставот на Република Македонија. Европската Унија тој билатерален Протокол го внесе во преговарачката рамка и стана европска обврска за нас. Протоколот со Бугарија е потпишан од страна на Министерот за надворешни работи Бујар Османи. Протоколот предвидува обврска за Собранието на Република Македонија, кое Бујар Османи ниту го претставува, ниту смее во негово име да презема обврски“, додава Димовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img