More

    Поранешниот олимпиец откри зошто има толку многу секс меѓу спортистите на Олимписките игри

    spot_img

    Олимписките игри секогаш со себе носат посебни правила за спортистите, а тие често се поврзани со сексуални односи. Иако спортските федерации на секоја земја премолчено се трудат заедно со организаторите да ги демотивираат во ваквите активности, за да бидат максимално подготвени за предизвиците пред нив, не успеваат.

    Свесни дека ништо не треба да се остави на случајноста, организаторите поделиле 300.000 кондоми, пренесува SkyNews. Претходниот рекорд беше поставен за време на Олимпијадата во Токио пред три години, кога мораа да набават дополнителни 20.000 кондоми откако ги снемаа почетните 70.000.Но, зошто има толку голема побарувачка за кондоми меѓу спортистите? Поранешната олимпијка Сузен Тиедке, која се натпреваруваше за Германија во скок во далечина на Олимписките игри во 1992 и 2000 година, даде увид во овој феномен во интервју за Билд.

    „Сексот е неизбежен, без разлика на се. Спортистите, кои го посветуваат својот живот на ригорозни тренинзи и натпревари, природно бараат начини да ја ослободат акумулираната енергија откако ќе завршат нивните натпревари“, рече таа и додаде:

    „Тие го достигнуваат својот физички врв за време на Игрите, што може да доведе до силна желба да се ослободи енергија по интензивна конкуренција.

    Таа напомена и дека периодот по натпреварот го карактеризираат многубројни дружења и забави, каде честопати има улога и алкохолот. Оваа комбинација, објасни таа, придонесува за високо ниво на сексуална активност.

    Не треба да се занемари фактот дека спортистите се млади, физички привлечни, а во Олимпиското село се подостапни еден за друг од вообичаено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img