Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави реакција по повод одлуката на Уставниот суд да го укине Балансерот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави реакција по повод одлуката на Уставниот суд да го укине Балансерот.

„Основната идеја на Охридскиот договор беше да се надмине моноетничката држава и да се воведе концепт на заедничко владеење што ги штити етничките заедници од мнозинска тиранија и маргинализација. Последната одлука на Уставниот суд, диктирана од власта, суштински го погодува овој принцип – колективната заштита на етничките заедници. Етничката припадност беше основа за суштинските механизми како што се принципот на Бадентер во Собранието, системот за балансирање и етничките квоти, кои помогнаа да се исправат децениската дискриминација. Оваа одлука едноставно не може и не треба да помине“, напиша Османи.

Неговата партија синоќа пред Уставниот суд, заедно со стотина симпатизери на партијата, одржа вонредна прес-конференција, по вчерашната одлука на Судот за укинување на балансерот – алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

Share This Article