Поранешниот хрватски специјален агент кој го обезбедувал хрватскиот политичар Сипе Месиќ со бомба се разнел себе си и неговата поранешна партнерка. Нејзината 15-годишна ќерка успеала да се спаси.
Ѓуро Бурец (56) со години ја демнел својата поранешна партнерка. Неодамна ја нападнал во станот во којшто живеела, кога активирал бомба со која се разнел себеси и неа, а ќерката на жената успеала да побегне пред експлозијата.
Со години не можел да прифати дека жената со која се гледал кратко време не сака ништо да има со него. Носел секира во рацете и дошол во нејзиниот стан, пишуваат хрватските медиуми.
– Заспавме кога слушнавме врисоци. Мислев дека се деца бидејќи по крајот на учебната година, сите се надвор. Во секунда се слушна бомба, експлозија – раскажува еден од соседите.
Убиецот упаднал во собата во која спиела жената, а хаосот ја разбудил и нејзината ќерка. Жената потоа скокнала врз напаѓачот и ја спасила ќерката, која ја отклучила влезната врата и истрчала да побара помош.
За жал, како што соопшти полицијата по истрагата, Бурец ја активирал бомбата и се разнел себеси и својата поранешна партнерка која ја демнел.
Според соседите, агонијата на жената со Ѓура траела речиси три години.
Бурец е поранешен хрватски специјалец кој бил ангажиран како обезбедување на видни функционери во Владата, Собранието, МУП. Меѓу нив се Мартин Шпегељ, Јосип Бољковац и Стипе Месиќ.