Поранешниот директор на една од најголемите банки во светот, Банката на Кина, е осуден на смрт

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот директор на една од најголемите банки во светот, Банката на Кина, е осуден на смрт. Суд во кинеската провинција Шандонг му изрече смртна казна на Лиу Ланге, пренесе Ројтерс. Тој е обвинет за поткуп во вредност од 17 милиони долари и нелегални заеми од 462 милиони долари, објавија кинеските државни медиуми.

Сепак, Ланге може да ја избегне смртната казна доклку се однесува добро во затвор во следните две години, односно доколку не изврши дополнителни кривични дела. Со одложување на казната тој ќе добие доживотен затвор.

Целиот имот ќе му биде конфискуван.

Ланге, роден во 1961 година, работеше во банкарски и финансиски институции, вклучително и во централната банка на Народната банка на Кина и Извозно-увозната банка на Кина, пред да биде унапреден за претседател на Банката на Кина во 2019 година.

Во октомври минатата година, кинеската владејачка Комунистичка партија го избрка поранешниот претседател, обвинувајќи го за нелегални активности и земање мито.

Кинеското тело за борба против корупција во последните месеци започна акција против финансискиот сектор и зароби некои од најголемите имиња во земјата. Во октомври на смрт беше осуден и поранешниот заменик-гувернер на централната банка Фан Јифеи, поради наводно земање мито.

И Јифеи може да ја одложи смртната казна со доживотен затвор доколку не стори кривично дело следните две години.

Share This Article