Поранешната тенисерка објави фотографија полна со љубов

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешната руска тенисерка Ана Курњикова изминатиов викенд ги почести своите обожаватели и следачи на Инстаграм-профилот со слика од нејзиното семејство.

„Среќен Ден на таткото на мојот маж Енрике Иглесијас! И за сите татковци!!!”, напиша таа.

Парот е заедно од 2001 година, има три деца, но никогаш не се венчаа.

„Никогаш навистина не мислев дека бракот ќе значи нешто. Не можеш да сакаш некого поради парче хартија. Во денешно време не е табу-тема да имаш деца и да не си во брак”, изјави еднаш познатиот латино-пејач.

Ана и Енрике, инаку, го чуваат својот приватен живот за себе, далеку од очите на јавноста.

Токму поради тоа, овој нејзин потег нивните обожаватели го дочекаа како вистинско освежување, по што следеше долга низа топли коментари под објавата.

Share This Article