More

    Поранешната порно актерка Сторми Даниелс го победи Доналд Трамп на суд и поранешниот американски претседател ќе мора да одлежи казна за неговите погрешни постапки, а потоа, таа испрати порака до неговата сопруга Меланија

    spot_img

    Поранешната порно актерка Сторми Даниелс го победи Доналд Трамп на суд и поранешниот американски претседател ќе мора да одлежи казна за неговите погрешни постапки, а потоа, таа испрати порака до неговата сопруга Меланија.
    Поранешната љубовница на Трам, на Меланија и порача дека треба да го остави.

    – Не знам каков е договорот меѓу нив, но Меланија дефинитивно треба да го напушти. Не поради тоа што го направи со мене или со други жени, туку затоа што е осуден престапник. Докажано е дека е насилен, докажано е дека е одговорен за сексуален напад и затајување данок и сега е криминалец – вели порно актерката.

    Трамп и Сторми наводно се сретнале во 2006 година за време на голф турнир во Невада. Таа рече дека телохранителот на Трамп ја однел во неговата соба, каде што требало да вечера со него, но на крајот имале секс.

    Даниелс изјавила дека поранешниот американски претседател и ветил дека ќе учествува во неговото телевизиско шоу „The Apprentice“ и затоа таа наводно решила да спие со него. Очекувано, таа на крајот не беше дел од неговото шоу.

    Трамп беше прогласен за виновен за фалсификување документи со цел да ги прикрие плаќањата за да ја замолчи Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година. На Трамп му се заканува максимална казна од 4 години затвор, иако другите осудени за такви злосторства често добиваат полесни казни, парични казни или пократки затворски казни.

    Казната ќе биде изречена на 11 јули. Судијата и даде рок на одбраната до 13 јуни да ги изнесе аргументите против оваа казна, а на обвинителството до 27 јуни да одговори. Трамп ќе го чека исходот на слобода.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img