More

    Поранешната министерка не се откажува од политиката

    spot_img

    Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е легитимно избрано и поддржано на партиски конгрес, така што ја има целосно мојата поддршка, вели поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во интервју за „360 степени“ снимено за време на нејзиното последно законски дозволено отсуство од „Идризово“ каде што помина веќе три години од четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

    – Партијата, односно ВМРО-ДПМНЕ не е еден човек, не е еден тим. Партијата е идеја. И сите ние се идентификуваме со таа идеја. Единството во партијата е многу значајно, и ВМРО-ДПМНЕ има легитимно избрано раководство. И токму тоа раководство кое е легитимно избрано и поддржано на Конгрес преку делегатите и мнозинството членови ја има мојата поддршка – истакна Јанкулоска.

    Таа проговори и за неодамнешната средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

    – Да бидам искрена, јас без оглед на тоа што сум оддалечена од дневно-политичките настани и сето она што се случува, мојот интерес не е намален. Така што, таа средба освен како средба на стари пријатели и на луѓе што се познаваат, беше и добра можност да се информирам за некои работи коишто до крај не ми беа јасни – рече таа.

    Јанкулоска посочи дека со задоволство ја имала таа средба со Мицкоски.

    – И средбите и разговорите, па и ставовите немам никаков проблем да ги кажам јавно. Јас стојам зад тоа што го кажувам. Немам проблем ниту да се видам со некого што го почитувам, ниту да се видам со некого којшто сака да се види со мене – појасни Јанкулоска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img