More

    Поранешен претставник на САД во преговорите смета дека Србите гласаа за менаџирањето на кризата во Косово

    spot_img

    Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за преговорите меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, оцени дека за убедливата победа на СНС на изборите во Србија придонело и тоа што српскиот претседател Александар Вучиќ добро ја менаџираше кризата што беше создадена од косовскиот лидер Албин Курти.

    „Слушам многу докази кои тврдат дека независните и пензионерите во Србија на крајот гласале за СНС, затоа што претседателот Вучиќ одлично се однесувал кон косовскиот екстремистички лидер Албин Курти“, се наведува во изјавата на Гренел на платформата Х, пренесена од српските медиуми.

    Тој оцени дека во моментот, кога меѓународната заедница универзално го осуди Курти, им се допаднало како „Вучиќ ја менаџира кризата и остана над неа“.

    „Се сеќавам дека морав да вршам притисок врз Србија и Косово подеднакво кога Тачи беше претседател. Но, кога Курти дојде на власт, ситуацијата излезе од рамнотежа“, напиша Гренел и посочи дека Курти „создаваше проблеми и неговиот радикализам беше главното прашање за гласачите во Србија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img