Некогаш најбогатиот човек во Русија и најмоќниот олигарх кој му се спротивстави на Владимир Путин, Михаил Ходорковски на Твитер објави фотографија од свештениците на Руската православна црква кои благословуваат интерконтинентална балистичка ракета популарно наречена Сатана.
-„Мислам дека никогаш нема да видите нешто почудно. „Водачите на Руската православна црква ја благословуваат ракетата наречена Сатана“, напиша поранешниот руски олигарх.
Потсетуваме, Михаил Ходорковски неодамна во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека рускиот лидер Владимир Путин го разбира само јазикот на силата. Тој го загуби најголемиот дел од своето богатство поради противењето на Путин, но помина и една деценија зад решетки. Тој го опишува рускиот лидер како многу опасна личност поврзана со криминал.