Поранешен директор на кинеска банка е осуден на доживотен затвор за еден од најголемите случаи на корупција во земјата.
Ксу Гуоџун, шеф на филијалата на Banc of Сhina од 1993 до 2001 година, беше осуден за проневера на 2,3 милијарди јуани или околу 325 милиони долари.
Случајот е последен во антикорупциската акција нарачана од претседателот Си Џинпинг, во која беа фатени многу банкарски службеници и директори.
Ксу и уште двајца поранешни вработени во Банката на Кина ги искористиле дупките во системот за управување со заеми за да добијат лажни заеми.
Двајцата соработници на Ксу претходно беа осудени на 12 и 13 години затвор. Според извештаите на локалните медиуми, сега се вратени повеќе од 2 милијарди јуани од украдените пари.
Ксу, кој побегна во САД во 2001 година, но беше вратен пред две години, рече дека нема да поднесе жалба на пресудата. Доживотно му биле одземени и политичките права, а целокупниот имот му бил конфискуван.