Пораки за сплотеност и за благосостојба на идните генерации

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Државното раководство и лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ упатија честитки по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка по повод државниот празник порачувајќи „како и македонските борци за слобода, едни до други, треба да останеме цврсти и обединети по европскиот пат напред и да создадеме иднина за следните генерации“.

„Исто како партизаните, едни до други и едни со други, да останеме цврсти и обединети по патот напред. Да ја внесеме државата во ЕУ и да ги донесеме европските стандарди во родната земја. Да одговориме на аманетот и нашата света должност – денес ние, да создадеме иднина за следните генерации“!, порача премиерот во чест на денешниот државен празник.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го честита државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, порачувајќи дека ова е светол датум кој Македонија ја прави победник.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека е важно „да ја почитуваме и учиме историјата, за да научиме од грешките, да бидеме обединети и сплотени, да го слушаме гласот на народот и да се спротивставиме на оние кои распродаваат, преговараат и уценуваат“.

„Важно е да не се заборави дека овој ден е почеток на борбата на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор. Оваа битка беше финалето на борбата што ќе ни ја донесе независна Македонија. Да не ги заборавиме борците во оваа војна кои го дадоа својот живот за независна и слободна Македонија. За горда Македонија, за држава што е татковина на македонскиот народ и останатите кои застанаа на страната против фашизмот“, нагласува Мицкоски по повод чествувањето на 11 Октомври.

Share This Article