Поради силен дожд и невреме што ја зафатија Шпанија, во прекин е железничкиот сообраќај на „медитеранскиот коридор“ меѓу Мадрид, Валенсија, Аликанте и Барселона

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поради силен дожд и невреме што ја зафатија Шпанија, во прекин е железничкиот сообраќај на „медитеранскиот коридор“ меѓу Мадрид, Валенсија, Аликанте и Барселона.

Централниот и југоисточниот дел на земјава вчера ги зафати невреме, па затворени се многу патишта, паднати дрвја, а во некои области поплавени се и куќи.

Жителите на Мадрид и околината добија предупредувачка порака на мобилните телефони да не излегуваат од домовите, но невремето таму помина без посериозни последици.

Пожарникарите во Мадрид имале 726 интервенции.

Поради огромната количина на вода и кал на шините, возовите од главниот град кон западната провинција Екстремадура и јужна Андалузија привремено запреа во неделата.

 

Возовите од Мадрид до Андалузија сѐ уште не сообраќаат поради последиците од невремето во градот Толедо.

Шпанската метеоролошка служба извести дека дождот треба да ослабне во текот на понеделник. Земјата е под невообичаено силен удар од дожд и ветар, само една недела по неподносливите горештини и пожари.

Share This Article