Поради поставување на заштитна мрежа на регионалниот пат Велес – Градско од денеска до 3 февруари ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 08.00 до 16.30 часот, информира Авто мото сојузот.
Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.