Поради посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово во Скопје се направи хаос во сообраќајот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поради посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово во Скопје се направи хаос во сообраќајот.

Полиција имаше на секој чекор во центарот на градот, што предизвика застој во сообраќајот и нервоза кај возачите кои се обидуваа да стигнат на работните места, па често можеа да се чујат сирени од автомобилите.

Претседателката на ЕК утрово треба да се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, по што се очекува заедно да имаат прес конференција.

Фон дер Лајен пристигна вчера во Македонија, со што ја започна нејзината турнеја на Западен Балкан. Се сретна со претседателот Пендаровски, по што на социјалната мрежа Х порача дека со нетрпение ја очекува Македонија во ЕУ.

Како што напредувате со реформите, така напоредувате и на патот кон ЕУ. Со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде вам, на вашиот посебен идентитет и на вашиот јазик, македонскиот јазик, напиша Фон дер Лајен на платформата Х.

Share This Article