Поради поплавата евакуирани стотици илјадници Кинези

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Стотици илјадници евакуирани, прекината настава, уништена жетва, оштетени патишта и сообраќај во застој се последиците од големите поплави и свлечиштата предизвикани од поројните дождови во неколку кинески провинции.

Во јужната провинција е прекината наставата, канцелариската работа и јавниот превоз поради порастот на нивото на водата и опасноста од лизгање на земјиште.
Во соседната провинција Џиангкси, речиси 500.000 луѓе беа принудени да се евакуираат бидејќи нивните домови биле оштетени, јави Би-би-си.

Градот Шаогуан, на околу 200 километри северно од Кингјуан, главниот град на провинцијата Гуангдонг, денеска издаде црвена тревога за поплави, што е највисоко ниво на предупредување од кинеската метеоролошка служба поради излевање на реките и достигнато највисоко ниво во последните 50 години.

Обилните дождови уништија патишта во некои делови од градовите и уништија куќи, автомобили и посеви, а во наредните денови се предвидуваат нови врнежи во областа каде има најмногу врнежи од 1961 година, велат метеоролошките власти. a

Share This Article