Поради обилните врнежи од дожд и снег, речиси 1.200 километри во Унгарија се под предупредување за поплави, а реката Дунав се излеа во Будимпешта.
Нивото на водата на Дунав во главниот град на Унгарија во вторникот во 10 часот изнесувало 636 сантиметри, а денеска се очекува да достигне максимум од 680 сантиметри.
Поради покачувањето на водостојот, започна отстранувањето на возилата на затворените долни кејови во Будим и Пешта, кои се очекува да бидат поплавени на повеќе места, соопштија од кабинетот на градоначалникот на Будимпешта.