More

    Поради неказнивоста дојде до двојно убиство, обвини ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Политички и полициски структури на СДС го штитеа и замижуваа пред поведението на Љупчо Палевски Палчо, затоа што им одговараше. Преку своите поткасти и емисии на интернет портал, ширеше омраза и создаваше токсична атмосфера. Власта го охрабруваше да навредува, клевети, да се заканува, а кога Палевски се почувствува доволно недопирлив премина на рекет, уцени и на крај заврши со двојно трагично убиство, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

    „МВР, Спасовски, Ковачевски и СДС молчат за скандалот пред 7 месеци кој ја потврдува неказнивоста на Палевски. Имено, Палевски и неговата група во месец мај 2023 била фатена со нелегално оружје додека копале злато, за сега Палевски и истите неговите соработници да бидат поврзани со едно од најгрозоморните убиства во Македонија. Ете тоа е резултатот на неказнивоста и нефункционалноста на институциите раководени од Ковачевски, Спасовски и СДС. Двојното убиство немаше да се случи, ако обвинетите тогаш беа санкционирани за нелегано оружје. Нервозата во СДС е голема, затоа што не им e чиста совеста. Нервозни се затоа што народот гледа дека охрабруваа и дозволуваа сеење на омраза и создавање на токсична атмосфера. Нервозни се затоа што знаат дека постоеле пропусти во истрагата и затоа што знаат дека нивните грешки кои невешто ги кријат, чинат нечии животи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img