Градоначалникот на Задар, Бранко Дукиќ кој го одби концертот на Александра Пријовиќ во Задар, а потоа се повлече и се предомисли, го разреши директорот на Спортскиот центар Вишњик, Денис Карловиќ. Спортскиот центар Вишњик е салата во која ќе настапи Александра Пријовиќ во јуни, пренесува Индекс.
Во соопштението за медиумите, Дукиќ истакнува дека извесен период имало нарушување на довербата меѓу директорот и него како градоначалник, што резултирало со одлука за негова смена.
Александра Пријовиќ направи вистински бум во Хрватска и урива рекорди со посетеноста на концертите во Загреб и во другите хрватски градови. Сепак, најмногу прашина се крена поради концертот на популарната српска ѕвезда во Задар. Настапот на Пријовиќ во Задар првично беше одбиен, па потоа сепак закажан за јуни.