More

    Поради инфлацијата, Хрватите јадат се полоша храна

    spot_img

    Поради инфлацијата веќе не јадеме како порано. Од претходните години купуваме помалку сирење, млеко, свежо овошје, свеж зеленчук и свежо месо, пишува во петокот Јутарњи лист.

    Од друга страна, повеќе трошиме на замрзнато овошје и зеленчук, готови и полуготови оброци, мешунки, јајца, намази од зеленчук, замени од зеленчук за месо и млечни производи. Ова го покажа истражувањето спроведено од агенцијата GfK оваа пролет.

    Загрижувачки е податокот дека дури 44 отсто од Хрватите велат дека нивниот буџет за домаќинството е недоволен во однос на нивните потреби, а 37 отсто сметаат дека е доволно да се покријат само основните потреби. Уделот на оние чијшто домашен буџет ги покрива сите нивни потреби е многу помал отколку во другите европски земји – 19 отсто, додека во Чешка се задоволни 25 отсто од граѓаните, во Австрија 30 отсто, а во Данска 42 отсто.

    Тројца од пет граѓани (62 отсто) ја ставаат загриженоста за буџетот меѓу првите три грижи, што е за 11 процентни поени повеќе од европскиот просек. Овој страв дополнително се засили поради инфлацијата, што, објаснува шефот за развој на бизнисот во GfK Младен Кожиќ, неминовно влијаеше на куповното однесување во Хрватска.

    Податоците на Националното биро за статистика покажаа дека во август потрошувачките цени се повисоки за 7,8 отсто во однос на истиот месец од 2022 година, а во категоријата што ги опфаќа цените на храната, пијалаците и тутунот е забележан уште поголем раст – 10,1 отсто на на годишна основа..

    „Клиентот во Хрватска, како и на другите европски пазари, активно бара начини да ја амортизира инфлацијата. Покрај силниот пораст на уделот на брендот во нашите кошници, домаќинствата во секоја четврта категорија стоки за широка потрошувачка ја намалија потрошувачката за повеќе од десет проценти“, вели Кожиќ, пишува новинарката на Јутарњи лист, Карла Жупичиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img