Попова Шапка може да се пофали со 24 сантиметри снег

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Утрово до седум часот во Берово беше најстудено, – 5 степени. Во Скопје-Петровец се измерени -4 , -3 во Битола, Демир Капија и Струмица, -2 во Kрива Паланка и Тетово, -1 во Претор, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Гевгелија, Дебар и Куманово, 0 во Охрид, 1 Попова Шапка, 2 Крушево, Виница и 4 степени во Дојран.

Најмногу снег има на Попова Шапка, 24 сантиметри, додека во Крушево снежната покривка е три сантиметри.

Според УХМР, претпладнево времето ќе биде сончево, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје претпладне сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 17 степени.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply