Илјадници луѓе кои ги загубија животите во разорните поплави што го погодија градот Дерна во Либија се закопани во масовни гробници, а градоначалникот предупреди дека бројот на жртвите може да се зголеми тројно.
Градоначалникот рече дека се стравува дека до 20.000 луѓе загинале во поплавите откако во неделата вечерта пукнаа браните во овој либиски град.
Здравствените власти потврдија 5.100 смртни случаи и велат дека 9.000 луѓе се уште се водат како исчезнати.
Најмалку 30.000 луѓе се раселени во либискиот град Дерна по разорните поплави предизвикани од бурата Даниел, во која загинаа илјадници луѓе.
Во градот Дерна со околу 100.000 жители пукнаа две брани како последица на обилните дождови, кои предизвикаа порој од вода што како цунами помина низ градот.
Браните кои се урнаа пред градот се изградени во 1970-тите и не се одржуваат со години, јавуваат локалните медиуми.
Медитеранската бура Данијел предизвика смртоносни поплави во голем број градови низ источна Либија, но Дерна беше најтешко погодена.
Министерот за здравство во владата што го контролира источниот дел на Либија, Отман Абдулџалил, објави дека во масовната гробница се закопани 3.000 тела, додека се подготвуваат за закопување на уште 2.000.
Тој додаде дека спасувачките екипи се уште ги пребаруваат урнатите згради во 3
Претставник на Светската здравствена организација на ОН во Либија изјави дека бројот на загинати може да достигне 7.000, со оглед на бројот на луѓе кои се уште се водат за исчезнати.
Во невремето загинаа околу 170 луѓе и во други делови на источна Либија, вклучувајќи ги градовите Бајда, Суза, Ум Разаз и Марџ, рече министерот за здравство.