Во јавноста веќе подолго време кружат гласини за свршувачката на Лејди Гага и нејзиното момче, бизнисменот Мајкл Полански. Сега папараците „ја уловија“ и со голем прстен на левата рака, па нејзините обожаватели сега сѐ уште поуверени дека свршувачката се случила.
Во Париз, кога Лејди Гага го запозна францускиот премиер Габриел Атал за време на настан од Олимписките игри, го претстави нејзиниот партнер како свој свршеник и сѐ било снимено на камера.
– Ова е мојот вереник Мајкл – рече пејачката.
Атал го сподели видеото на Тик-Tок, па под објавата имаше многу коментари во стилот: „Гага се сврши“.
Иако Лејди Гага и досега била свршена со дел од своите момчиња, таа никогаш не се омажи. Поп-пејачката е во врска со Мајкл Полански од 2019 година.