Поп принцезата Бритни Спирс сподели видео од кревет и посака „добро утро“. На видеото што го објави на својот инстаграм-профил таа не носи ништо друго освен црн ѓердан. Додека го покажува своето деколте вели „добро утро“.
Спирс направи серија гримаси со слики од нејзиното тело, а во описот на објавата ставила емоџи на кои се гледаат насликани нокти и гулаб со маслиново гранче. Видеото има повеќе од 110.000 лајкови, а таа ги исклучила коментарите на објавата.
Пејачката е позната по објавувањето на различни видеа од себе на социјалните мрежи, па американскиот портал „Пејџ сикс“ ги истакна оние каде вози топлес или позира гола на плажа. Фотографиите кои привлекуваат внимание, објасни таа во своите мемоари „Жената во мене“, ѝ носат радост.
Иако е свесна дека многумина не разбираат зошто сака да се фотографира гола, таа наоѓа задоволство во позирањето на начин на кој се чувствува секси и прави што сака.
„Кога другите луѓе би биле фотографирани илјада пати, ѕиркаат и позираат за туѓо одобрување, би разбрале дека за мене е посебно задоволство да позирам онака како што се чувствувам секси, правејќи што сакам“, објасни Спирс, која наводно поради фотографиите е во лоши односи со синовите, 18-годишниот Престон и 17-годишниот Џејден, кои ги имаше во бракот со Кевин Федерлајн.
“Се чини дека таа мора да објави нешто на Инстаграм за да привлече внимание. Ова трае со години и има големи шанси никогаш навистина да не престане”, изјави Џејден јавно минатата година. Федерлајн знае дека е тешко да се биде тинејџер, да се оди на училиште и да се има работа со толку многу луѓе кои ги преиспитуваат постапките на нивната мајка.
Пејачката не се замара со тоа што членовите на семејството мислат за тоа, па сподели разголена објава од кревет на Твитер на доделувањето на Греми наградите во 2022 година. Спирс ужива во слободата на моментот и ги провоцира своите следбеници со објави, но изгледа им се допаѓа.
ФОТО: Инстаграм