Мадона (64) неодамна раскина со 40 години помладото момче Ендрју Дарнел, а сега наводно започнала романса со тренерот Џош Попер (29), пишува „Дејли мејл“.
Извори во средата рекле дека таа повторно пронашла помлад човек. Џош, инаку, е тренер на едно од шесте деца на Мадона во неговата теретана во Њујорк, а тој го потврди своето познанство со пејачката.
Тренерот сподели фотографии на кои позира покрај Мадона. Кралицата на попот со своите усни го допира неговото рамо и го фатила за раката. И младиот спортиста не останал имун на нејзините допири па и возвратил со прегратка.
– Сакам да им се заблагодарам на моите тренери, на мојот тим и семејството што ме охрабрија да бидам најдобар во и надвор од рингот. Имам некои добри луѓе покрај себе – напишал Џош покрај фотографиите.
Инаку, извор неодамна изјави за „Пејџ сикс“ дека таа и манекенот Ендру Дарнел ставиле крај на нивната „многу лежерна“ врска, откако 23-годишникот нашол девојка поблиска на неговата возраст.
– Тоа беше само многу лежерна врска со Дарнел, така што таа не е „скршена“. Едноставно, разделбата се случи во погрешно време. Таа добро се забавуваше со Ендру, но никогаш не беше љубов или нешто слично“, рекол изворот.