Поп-дивата Мараја Кери е ограбена, како што дознава „Пејџ сикс“, додека била на одмор во Италија и Хемптонс.
Во јули имало упад во домот на пејачката во Атланта, а полицијата соопшти дека истрагата сè уште е отворена и дека не можат да споделат многу информации со јавноста.
Вилата вредна 5,65 милиони долари е купена во ноември 2021 година. Куќата со девет спални соби и 13 бањи има базен, тениски терен и игралиште.
Во меѓувреме, Кери го помина изминатиот месец во Италија со момчето Брајан Танака и своите близнаци Монро и Марокан.
Фотографиите од летувањето беа насекаде на интернет – и можеби тоа го привлече вниманието на крадците кои знаеја дека куќата ќе биде празна во тоа време.
Кражбата во полиција била пријавена на 27 јули, а иако не се знае какви предмети и вредности се изниесен од вилата, крадците сигурно се „опариле“.
Кери е позната по својот декадентен начин на живот. Во 2017 година, дивата го покажа својот плакар од „Трибека“ за „Вог“, покажувајќи купишта чевли „Лабутин“ и чанти „Биркин“, како и сувенири од Мерилин Монро.