More

    Помилување и плата во замена за служба на фронтот во Украина

    spot_img

    На крајот на мај, Русија ослободи група жени од затвор за да се приклучат во борбите во Украина, објавија две поранешни затворенички, пишува „Њујорк тајмс“. Сепак, не е познато дали нивното ослободување е изолиран случај, пилот програма или почеток на поголем бран на регрутирање затворенички. Воените регрутери почнаа да ги посетуваат женските затвори низ европскиот дел на Русија повеќе од една година откако на затворениците им понудија помилување и плати во замена за одење на боиштата.

    Сепак, до сега, жените кои се пријавиле да се приклучат во војската останувале во затвори без официјално објаснување. Десетици илјади осудени Руси го прифатија повикот на армијата. Илјадници од нив се убиени во Украина, а некои извршија тешки злосторства по нивното ослободување. Со регрутирање затворенички, Русија се обидува да избегне мобилизирање на населението, пишува „Њујорк тајмс“.

     

    Не е познато какви улоги треба да преземат жените на фронтот. Воени регрутери посетиле затвор во близина на Санкт Петербург и на затвореничките им понудиле договори за една година како снајперисти, медицински персонал и радио оператори на првата линија, што е значително отстапување од претежно помошните позиции што ги држат женски војници. Тогаш се пријавиле околу 40 од вкупните 400 затворенички.

    На затвореничките им било понудено помилување и плата од околу 2.000 долари месечно, што е околу 10 пати повеќе од минималната плата во Русија. Две жени кои биле сведоци на регрутирање во затворот минатата година изјавија за Њујорк Тајмс дека затвореничкитер се пријавиле и покрај опасностите кои ги навеле  воените офицери кои го посетиле.

    Како една од причините зошто жените се пријавуваат во војска, поранешните затворенички ги наведуваат суровите услови во руските затвори. Според наводите на „Њујорк тајмс“, на затвореничките во близина на Санкт Петербург им е забрането да зборуваат, тие работат и до 12 часа на ден во затворските работилници, дури и на ниски температури.

    Освен Русија, воени заробеници на фронтот користи и Украина. Владата во Киев минатиот месец одобри слична шема, а украинските власти објавија дека оттогаш илјадници осуденици се пријавиле за регистрација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img