More

    Кој ја чуваше државната каса од осамостојувањето досега?

    spot_img

    Од независноста на државата до сега, Министерството за финансии го раководеле двајца министри, етнички Албанци. Од сите досегашни министри најдолг мандат имаше Зоран Ставревски, а најкраток Зоран Заев, како привремен министер, пишува Порталб.мк.

    Со екипирање на новиот владин кабинет, во овој ресор ќе седне 17-oт по ред министер. Кој и како ги „чуваше“ јавните финансии?

    Прв министер за финансии во првата експертска влада во независна Македонија беше Методија Тошевски кој го раководеше овој ресор од март 1991 до почетокот на септември 1992 година. Претходно бил прв човек на Комерцијална Банка и на веќе пропаднатата Алмако Банка а во 2000. е назначен за главен државен ревизор.

    Наследник на Тошевски станува Џевдет Хајредини, кој доаѓа на оваа важна позиција од тогашната ПДП и останува до крајот на 1994 година. По професија е економист но работел и како новинар. Тој ги раководи државните финансии во Влада предводена од Црвенковски.

    На 20 ти декември 1994 година во министерската фотелја седнува Јане Миљовски, делегиран од редовите на СДСМ. Оваа функција ја извршува до крајот на февруари 1996 година. Тој, како министер без ресор, беше и дел од првата експертска влада на Никола Кљусев кога ја доби задачата да го подготви концептот за приватизација на општествената сопственост. Миљовски во бизнис-економските кругови остана запаметен како „татко“ на приватизацијата и денационализацијата.

    Од февруари 1996 година до крајот на ноември 1998, на чело на „јавните финансии“ застанува Таки Фити, актуелен академик. Како и неговите претходници, така и професор Фити, поради политички промени, не успева да го заврши четиригодишниот мандат во ресорот финансии.

    Промената во власта, на чело на Министерството за финансии, ќе го донесе и првиот министер од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Борис Стојменов кој ќе „истурка“ нешто повеќе од една година во овој ресор. Стојменов, економист и бизнисмен, беше министер во Владата предводена од Љубчо Георгиевски. Во периодот на неговиот мандат, со негов потпис, се случи продажбата на тогаш државната рафинерија „Окта“ на грчки Хеленик Петролеум. Оваа зделка предизвика бројни и бурни реакции во јавноста.

    ВМРО ДПМНЕ останува да го раководи Министерството за финансии и во следните години. Од крајот на декември 1999 година до почетокот на ноември 2002. на чело на овој ресор е избран Никола Груевски. За време на неговиот мандат ги воведува ДДВ, фискалните сметки како и кампањата „Купувајте македонски производ“. Груевски ја активира реформата за денационализација на националниот имот во периодот од 1945 до 1990. Во неговиот мандат започнува и продажбата на некогашниот банкарски гигант „Македонска банка“ преку контроверзни трансакции зад кои стоеја и познати имиња од тогашната владејачка структура. Банката повеќе не постои.

    Новите поместувања по воената криза во земјава донесоа и политички промени. На почетокот на ноември 2002 година на чело на Министерството за финансии застанува Петар Гошевкако претставник на ЛДП во Влада предводена од Бранко Црвенковски. Мандатот на Гошев трае една година, до 7 ми ноември 2003 година.

    Наследник на Гошев станува Никола Поповски, номиниран од СДСМ во Влада предводена од Црвенковски a подоцна и во Владата предводена од Бучковски. На чело на министерството останува до крајот на август 2006 година со што тој е првиот министер од СДСМ со најдолг мандат од 2 години и 8 месеци. Важеше за министер кој „штеди“ но и кој ги издаде првите домашни хартии од вредност како и првата Еврообврзница во вредност од 150 милиони евра.

    Политичката промена во власта го донесе следниот министер за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На чело на овој ресор застана Трајко Славески. Мандатот му траеше до 8 ми јули 2009, кога беше разрешен по предлог на тогашниот премиер Никола Груевски. Славевски е вториот министер со најдолг мандат, по Ставрески. Славевски го раководеше министерството во период кога „пукна“ светската финансиска криза.

    Наследник на Славевски, во јули 2009 та, станува Зоран Ставревски. Тој ќе биде и досега единствениот министер за финансии со најдолг мандат, од скоро седум години (му недостасуваа само 20 дена). Пред стане министер во Владата предводена од Груевски, тој работел во Светска Банка. Ставревски поднесе оставка од министерската и вицепремиерската позиција во јуни 2016 година, кога со привремената Влада раководеше Емил Димитриев, поради како што наведе, здравствени причини.

    Најкраток мандат како министер за финансии имаше Кирил Миновски, именуван во средината на јуни 2016 година во рамки на привремената Влада предводена од Димитриев. Неговиот мандат трае 351 ден.

    По политичката промена во власта, во Министерството за финансии влегува СДСМ, со министерот Драган Тевдовски. Тој, како дел од Владата предводена од Заев, го раководи овој ресор до крајот на јуни 2019 година. Остана запаметен по обидот за укинување на рамниот и воведување на прогресивниот данок. Одби да даде оставка, и слично како и Славески, беше разрешен во Собранието.

    Најкус министерски мандат имаше Зоран Заев кој на крајот од јуни 2019, освен премиерската, два месеци ја извршуваше и оваа позиција, се до именувањето на Нина Ангеловска за нов министер за финансии во реконструираната влада. Таа беше и прва жена која ги раководеше „јавните финансии“. Нејзиниот мандат беше точно една година, до 31 август 2020-та година.

    На крајот на август 2020 година овој ресор за прв пат преминува во рацете на ДУИ. На челната позиција доаѓа Фатмир Бесими, кој долги години е функционер и во претходните влади, како вицепремиер за евроинтеграции, министер за одбрана и за економија. Бесими е еден од ретките кој завршува целосен 4 годишен министерски мандат.

    Во новата Влада овој стратешки ресор е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, со најава дека на кормилото ќе застане жена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img