Полската војска рано утринава објави дека нивните воени авиони и оние на сојузниците на НАТО во моментов се во полскиот воздушен простор поради големиот руски ракетен напад врз Украина.
Во објава на социјалната мрежа Х, порано Твитер, се наведува дека поради операцијата „нивото на бучава“ е зголемено, особено во југоисточните делови на Полска.
„Вечерва беше следена интензивната активност на авијацијата со долг дострел на Руската Федерација, поврзана со ракетни напади врз објекти лоцирани на територијата на Украина. Беа започнати сите потребни процедури со цел да се обезбеди безбедност на полскиот воздушен простор, а Оперативната команда на вооружените сили на Полска постојано ја следи ситуацијата“, се вели во соопштението.