More

    Положбата во која спиете може да влијае на високиот крвен притисок

    spot_img

    Лекарите веруваат дека покрај добриот сон, важна е и положбата во која спиете, особено ако имате висок крвен притисок.

    Проблемите со сонот мачат речиси една третина од населението. Нема потреба многу да се зборува за корисноста и неопходноста од спиењето, особено во денешниот зафатен свет кога спалната соба е местото каде што поминуваме најмалку време.

    Добриот, осумчасовен сон, на кој инсистираат експертите и на чија важност укажуваат, стана утопија. Но, дури и кога има можност да спиеме, се случува да се будиме уште поуморни отколку кога сме заспале. Сонот, ако е неправилен, може да направи повеќе штета отколку корист.

    Познатиот кардиолог д-р Трупти Гилада тврди дека сонот влијае и на добрата состојба на телото, но советува и дека луѓето кои патат од висок крвен притисок мора да имаат квалитетен и редовен сон, пренесува Еспресо.

    Таа тврди дека луѓето кои страдаат од овој здравствен проблем треба да спијат шест до осум часа навечер во добро проветрена, тивка просторија. Исто така, препорачува да избегнуваат кофеин или алкохол доцна во денот, а не се препорачува и дремење во текот на денот.

    Како и со многу други болести, стресот може да биде поттик за влошување на болеста, па затоа се советува да го избегнувате што е можно повеќе.

    „Спиењето на левата страна е најдобрата положба за личноста која боледува од хипертензија, бидејќи тоа го ублажува прекумерниот притисок врз крвните садови“, вели докторот.

    Овој совет е особено важен за трудниците кои имаат проблеми со хипертензија. Растечкото бебе врши притисок врз внатрешните органи и може да предизвика проблеми со циркулацијата.

    Крвта циркулира низ нашето тело во текот на ноќта. Тече низ левата страна на телото, а преку десната се враќа во срцето. Ако спиете на десната страна, вршите притисок врз тие крвни садови, што може да доведе до зголемување на веќе високиот крвен притисок.

    Д-р Ракеш Рајпурот исто така потврдува дека лошиот сон и високиот крвен притисок се поврзани.

    „Недостатокот на сон или лошиот сон го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Погрижете се да се одморите доволно бидејќи тоа е важно за одржување на оптимално здравје на срцето.

    Според лекарите, спиењето на левата страна е најдобрата положба за висок крвен притисок бидејќи го намалува притисокот врз крвните садови кои ја враќаат крвта во срцето. Овие садови се наоѓаат на десната страна од телото и циркулацијата може да се забави доколку долго спиете на десната страна, пренесува Слободна Далмација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img