More

    Половина милион луѓе починале од омикрон

    spot_img

    Светската здравствена организација изрази жалење бидејќи половина милион луѓе во светот починале откако е откриен сојот омикрон на коронавирус, иако постојат вакцини, нарекувајќи го бројот „повеќе од трагичен“.

    – Иако целиот свет се изјасни дека омикронот е побенигнен, половина милион луѓе починаа откако е откриен – изјави претставникот на СЗО, Абди Махамуд.

    Тој истакна дека „во ерата на ефективни вакцини, половина милион починати е повеќе од трагично“.

    Според него, во светот се регистрирани 130 милиони заразени случаи и 500.000 починати откако СЗО го нарече омикрон „загрижувачка“ варијанта кон крајот на ноември.

    – Бројот на случаи на омикрон е „неверојатен“, а реалниот број на инфицирани и смртни случаи веројатно ќе биде поголем од официјалните бројки – истакна претставничката на СЗО, Марија Ван Керхове.

    Од ковид-19 починаа речиси 5,75 милиони луѓе низ светот од почетокот на пандемијата. Досега се употребени 10 милијарди дози од вакцините.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img