Полска разби шпионска мрежа што оперира во земјата, изјави во четвртокот министерот за одбрана, откако приватната телевизија RMF FM објави дека група шпиони кои работеле за Русија биле уапсени.
RMF во средата објави дека полските безбедносни служби уапсиле шест лица осомничени за шпионажа за Русија. Според таа телевизиска куќа, групата планирала диверзивни активности.
Ројтерс не може независно да го потврди извештајот.
„Би сакал да го истакнам големиот успех што го постигнаа претставниците на Агенцијата за внатрешна безбедност, бидејќи целата шпионска мрежа е разоткриена“, изјави Мариуш Блашчак за Polskie Radio 1.
„Ова несомнено е доказ дека полските служби на многу ефикасен начин работат за безбедноста на нашата земја.
Блашчак одби да коментира повеќе за случајот и рече дека повеќе детали ќе соопшти министерот за внатрешни работи Мариуш Камински на прес-конференција во 11 часот.
Во средата полскиот претседател Анджеј Дуда се сретна со директорот на ЦИА Вилијам Барнс. Кабинетот на претседателот објави на Твитер дека разговарале за „актуелната безбедносна ситуација“.