More

    Полјак го ископал телото на својата мајка од нејзиниот гроб, го мумифицирал и го држел во својата дневна соба цели 13 години

    spot_img

    Полјак го ископал телото на својата мајка од нејзиниот гроб, го мумифицирал и го држел во својата дневна соба цели 13 години, пишува британски Мирор. Полицијата ги нашла останките на мајката над куп весници при претрес откако неговиот девер го пријавил човекот бидејќи се загрижил за неговото здравје.

    Полицијата открила и дека гробот на жената бил празен. Јадвига Л. починала во јануари 2010 година и тогаш била закопана. Дополнителен доказ е дека весниците на кои седело телото биле со датум од 2009 година.

    – Веројатно човекот го ископал телото на мајката веднаш по неговото погребување, а потоа го мумифицирал и телото кое седело во оваа куќа од 2010 година – вели Јоана Сморчевска од Окружното обвинителство во местото Радлин.

    Синот, Маријан Л. има 76 години. Сега му се закнува затворска казна. Тој живее на само 300 метри од гробиштата. Според полицијата, тој користел хемикалии за да го одржи телото. Официјалните лица рекле дека нејзините останки биле во „совршена состојба“.

    Марцин Фелстињски, шеф на Окружното обвинителство, изјавил:

    – Сè укажува на тоа дека човекот сигурно користел некои хемикалии за мумифицирање на трупот. Се забележуваше мирисот на топчиња против молци. Се разбира дека жената сега ќе биде положена да почива откако го откривме телото во февруари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img