Полициски службеници за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, извршиле контрола и ги привеле 18 лица поради поседување дрога

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Полициски службеници изминатата ноќ за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, извршиле контрола и ги привеле 18 лица поради поседување дрога.

Приведени се М.Ж.(26), Ф.П.(25), Ж.Н.(26), К.Ј.(28), Ј.Р.(21), Д.Т.(22) и Ф.П.(34), сите од Скопје, И.Г.(25) од с.Кадино, општина Илинден, А.С.(26) и В.Б.(26) од Кавадарци, А.П.(26) и З.Т.(46) од Неготино, А.У.(23) и Ј.У.(30) од Нов Дојран, Ј.С.(19) од Тетово, С.И.(22) од село Ињево, радовишко, Р.Ј.(43) од Богданци и М.К.Е.(64) од Јамајка. При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и екстази, соопшти МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Share This Article