More

    Полицијата утврди дека станува збор за лажни дојави за бомби

    spot_img

    Лажни се пријавите за поставени бомби во осумте скопски гимназии, утврди министерството за внатрешни работи по направените сите потребни проверки по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа.

    – Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави – информираат од МВР.

    Инаку претходно од МВР информираа, денеска во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на осум училишта и тоа „Јосип Броз – Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Панче Арсовски“, „Михајло Пупин“, „Никола Карев“, „Арсеније Јовков“, „Орце Николов“ и „Владо Тасевски“ во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

    – Денеска (03.02.2023) околу 11.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот – се вели во соопштението од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img