Полицијата успеа да ја реши заложничката криза во трговскиот центар во Дрезден каде што вооружен маж држеше како заложници жена и дете

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Полицијата успеа да ја реши заложничката криза во трговскиот центар во Дрезден каде што вооружен маж држеше како заложници жена и дете. Насилникот е приведен, но е тешко повреден.

Според медиумските извештаи вооружениот маж најнапред ја убил својата мајка потоа пукал во радиостаница и на карј во трговскиот центар зел заложници.

– Осомничениот напаѓач е тешко повреден и во моментов не е во можност да биде сослушан – изјави портпаролот на полицијата во Дрезден за германската новинска агенција ДПА.

Засега не е познато дали мажот самиот се повредил или бил повреден при апсењето.

– Заложниците, една жена вработена во трговскиот центар и едно дете не се повредени – информира полицијата.

Околу 7 часот и 20 минути полицијата во  населбата Прохлис во Дрезден пронашла мртва жена во станбена зграда.

-Убиството е поврзано со заложничката драма  во центарот на Дрезден – изјавија од полицијата.

Share This Article